Бизнис
СО СКРОМНИ 600 ИЛАЈДИ ЕВРА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ НАЈМНОГУ ГРАДЕЛЕ ВО АЛБАНИЈА, огромен пад на градежната активност во странство
14.11.2025
Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 134 137 илјади денари, што е за 63,1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 106 188 илјади денари, што е за 29,2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2025 во однос на истиот период од 2024 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.8807 денари.
Најмногу градежни активности домашните компании имале во Албанија во износ од 36,5 милиони денари (околу 600 илјади евра), во Босна и Херцеговина со 30,7 милиони денари и во Германија со 25,4 милиони денари.
Главни поенти
Во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од претходната година:
- За 63,1 % е намалена вредноста на договорените градежни работи во странство
- За 29,2 % е намалена вредноста на извршените градежни работи во странство
Фото Економија и бизнис