Бизнис
„Почеток на новата економска ера“ со минимална плата од 26.400 денари, најавија од ВРЕДИ
14.11.2025
Од коалицијата ВРЕДИ денеска објавуваат соопштение дека минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето.
- Ова зголемување е најсилниот доказ дека владата на ВРЕДИ не познава чекање, одложувања и изговори. Нашите ветувања се претвораат во одлуки, а одлуките се претвораат во опипливи придобивки за граѓаните, информираат од ВРЕДИ со што го истакнуваат залагањето на министерот за економија Бесар Дурмиши.
Фото Економија и бизнис