Бизнис
ХРВАТСКА ОСВОИ ДВА „ОСКАРА“ ВО ТУРИЗМОТ
08.11.2025
Хрватска освои двe бронзени медали, за најдобра дестинација во Медитеранот и најдобра дестинација за крстарење во Европа, на престижните награди „Трави“, кои се наречени „Оскари“ на туристичката индустрија, објавија во петокот од Хрватската туристичка заедница.
Признанијата се доделени врз основа на гласови од туристички агенти и туристички професионалци од Северна Америка, поради што тие претставуваат една од најважните награди во глобалниот туризам.
Покрај освоените награди, Хрватска беше номинирана и во категоријата најдобар европски туристичка организација.
Од ХТЗ нагласуваат дека наградите доаѓаат по уште една успешна година за хрватскиот туризам на американскиот пазар. Имено, Американците остварија 829 илјади пристигнувања и 2,3 милиони ноќевања во Хрватска во текот на првите десет месеци, што претставува зголемување од десет проценти на пристигнувањата и ноќевањата во споредба со минатата година.
Растечката привлечност на Хрватска на американскиот пазар е дополнително зајакната со новите и постојните авио линии, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис