Вести

Каде „се изгубија“ гласовите на поголемите партии од последните парламентарни избори?

Партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ЗНАМ и албанските партии ДУИ и ВЛЕН, имаат значителен пад на гласовите за година и пол, покажува споредбата на резултатите од парламентарните избори во 2024 и локалните во 2025 година. Анализата на бројот на освоени гласови за советничките листи во општините покажа дека овие партии заедно изгубиле речиси 230.000 гласови. Од нив 111.755 гласа се должи на помалата излезност на граѓаните на локалните избори, а остатокот од 118.245 ги „преземале“ независните кандидати како листите на другите помали политички партии.

Најголемо намалување има владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Партијата, која на парламентарните избори освои 436.036 гласови, на локалните избори доби доверба од 301.799 гласачи, што е загуба од 134.237 гласа (помалку за 30 отсто).

СДСМ забележа намалување на поддршката од гласачите. Од 154.687 гласови добиени во 2024 година, партијата на локалните избори падна на 125.300 гласови, или 30.387 гласови помалку (пад за 18,8 отсто). 

Движењето ЗНАМ бележи пад од 18.000 гласа. Нивниот резултат се намали од 56.277 на 38.392  гласови (помалку за 31,7 отсто).

Партијата Левица, изгуби 11.597 гласа, освојувајќи 57.065 гласови на локалните избори, во споредба со 68.662 на парламентарните (изгубени гласови за 16,8 отсто).

Коалицијата предводена од ДУИ има намалување на освоените гласови за 23.297 или 16,9 отсто помалку од парламентарните избори во 2024 година, која освоија 137.525 гласа.

Коалицијата ВЛЕН на вчерашните избори освои 92.974 гласа, а тоа е за 14.116 гласа помалку од 2024 година (намалување од 13,1 отсто).

Овие податоци доаѓаат во контекст на намалена излезност на гласачите. На парламентарните избори во 2024 година гласале 995.793 граѓани, додека на локалните избори годинава, своето право на глас го искористиле 884.038 лица.

Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг. Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според податоците на ДИК. Излезноста во првиот круг на осмите локални избори, од независноста на земјава досега, што се одржаа вчера, најверојатно ќе биде најмала досега со 48,29% според обработени 99,94% избирачи од 3 472 избирачки места од вкупно 3 474. 


 

Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано