Вести
Најстудено на Маврово, снег на планините
02.10.2025
Денеска ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 литри на квадратен метар, а локално и над 50 литри на квадрат. На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка, соопшти УХМР.
Денеска најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура од 1 степен, и дневна до само 3 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 13 степени.
Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.
На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска издаде потрокалов метеоаларм поради очекувани обилни врнежи од дожд.
Најмногу снег се очекува на повисоките планини на северозапад. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Фото Економија и бизнис