Бизнис
КОМПАНИИТЕ ОД САД ДОМИНИРААТ НА ЛИСТАТА НА НАЈСКАПИ ВО СВЕТОТ, најголем пад забележаа европските автомобилски компании
04.07.2025
Соединетите Американски Држави ја потврдија својата доминација на листата на 100 највредни светски концерни, која вклучува 60 компании со седиште во САД, според анализата на меѓународната ревизорска и консалтинг компанија EY (Ernst&Young).
Според анализата глобалното зголемување на геополитичките тензии, конфликти и војни, најскапите компании успеаја да ја зголемат својата вредност на берзите во првата половина од оваа година, па кумулативната вредност на 100-те најскапи концерни се зголеми за 6,1 процент на 47,4 милијарди долари, што е нов рекорд, пренесува Бета.
Сепак, за разлика од претходните години, американските бизниси не беа шампиони во растот. Растот на нивната берзанска вредност беше 5,8 проценти, додека 19 азиски концерни меѓу првите сто забележаа раст од 6,5 проценти, а исто така 19 европски ја зголемија својата вредност за 8,8 проценти.
На листата на стоте највредни компании, меѓу првите десет се наоѓаат девет американски и една саудиска компанија - нафтената компанија Сауди-Арамко, која се искачи на седмото место. На чело на првите десет се Nvidia, Microsoft и Apple.
Бумот во секторот за вештачка интелигенција силно ја зголеми вредноста на технолошките компании на берзите од претходната година. Меѓу првите 100 највредни компании има 25 технолошки концерни, чија вредност порасна за околу осум проценти оваа година.
Токму во оваа област компаниите од САД се убедливо доминантни. Од 25-те компании во првите 100, 17 се со седиште во САД. Највредна европска компанија е германскиот мултинационален софтверски концерн SAP, на 27-мо место, пред холандскиот производител на чипови ASML кој е на 30-то место и данскиот фармацевтски концерн Novo Nordisk на 31-во место. По силната рекапитализација, германскиот производител на оружје Rheinmetall стана петта највредна европска компанија меѓу 100-те најскапи.
Најголем пад претрпе европската автомобилска индустрија, која поминува низ неколкугодишна криза, а чии големи концерни веќе не се ниту меѓу првите 300.
Додека американскиот производител на електрични автомобили Tesla е на десеттото место, големите германски концерни Mercedes Benz, Volkswagen, BMW и Porsche заедно вредат околу 208 милијарди долари и се на 381-во, 402-ро, 405-то и 484-то место, пренесува Бизнис.рс.
фото freepic