Бизнис
ВИСОК ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ ВО СРПСКИТЕ РЕСТОРАНИ, НО СРБИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА!
12.06.2025
Цените во хотелите и рестораните во Србија во мај се повисоки за 10,0 отсто, во споредба со истиот месец минатата година, објави Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Храната поскапе за 11,4 проценти, а во него најголем пораст на цените е забележан кај салатите од 14,2 отсто и лебот за 14 отсто.
Топлите и ладните предјадења во српските ресторани поскапеа за 10,0 отсто, готовите оброци за 11,3 отсто, а печивата и оброците по нарачка за 11,0 отсто.
Цените на алкохолните пијалоци се зголемија за 12,9 отсто, а на безалкохолните пијалоци за 13,4 отсто.
Најнизок пораст на цените е регистриран кај сместувањето и изнесува 0,3 отсто.
Вкупниот пораст на цената на угостителските услуги во Војводина беше помал отколку на национално ниво и изнесува 6,3 отсто, при што храната се зголеми за 6,2 отсто, алкохолните пијалоци за 7,5 и безалкохолните пијалоци за 7,1 отсто, објави Курир.рс.
Пред почетокот на летната сезона во српските медиуми има бројни реакции од Србите кои се жалат на високите цени на угостителските услуги во Грција и во Хрватска!
фото freepic