Бизнис
Државни субвенции за странска филмска продукција во Србија
10.06.2025
Владата на Србија ја усвои новата Уредба за стимулации за странски инвеститори кои произведуваат аудиовизуелни дела во земјата. Стимулациите се доделуваат како грантови во форма на надомест на дел од трошоците направени за време на снимањето на територијата на Србија. Суштината на новата регулатива е дека: колку повеќе се инвестира, толку повеќе средства се враќаат.
Стандардниот поврат е 25 проценти од прифатливите трошоци, но ако вредноста на проектот е поголема од пет милиони евра, тој износ се зголемува на 30 проценти. За квалификувани трошоци се сметаат оние што биле директно направени во Србија за време на снимањето, од подготовките до финалната, дигитална верзија подготвена за дистрибуција.
Уредбата не ги заобиколува ниту кратките рекламни филмови. За таканаречените „наменски филмови“, во кои инвеститорот е странско правно или физичко лице, државата нуди поврат од 20 проценти од трошоците.
За да може странска продукција да има право на субвенција, таа мора да инвестира одреден минимум од „филмскиот буџет“ и да се потроши во Србија. Оваа сума за долгометражен филм и ТВ филм е најмалку 300.000 евра, за ТВ серии - најмалку 150.000 евра по епизода, за анимирана серија - 150.000 евра по епизода, за анимиран филм или постпродукција (аудио/визуелно) - 150.000 евра, за наменски („рекламен“) филм - 150.000 евра, за документарен филм или ТВ програма - 50.000 евра.
Покрај паричниот придонес, регулативата пропишува и минимални стандарди за должина и формат, пренесува Бизнис.рс.