Бизнис
Колку изнесува пензијата по 45 години работа во Германија со новата пресметка?
09.06.2025
Новата официјална пресметка покажува дека работник во Германија со целосен стаж и просечна плата може да очекува бруто пензија малку повисока од 1.600 евра нето. Сепак, повеќето пензионери не ја достигнуваат таа сума во пракса, а разликите меѓу нив се големи, особено кога се споредуваат машките и женските пензии.
Од 1 јули 2025 година, вредноста на еден пензиски поен во Германија ќе биде 40,79 евра.
Лице кое работело 45 години и заработувало целосен пензиски поен секоја година ќе добива вкупно 1.835,55 евра бруто месечно. По одбивањето на придонесите за здравствено осигурување и осигурување за долгорочна нега, остануваат околу 1.621 евра нето, а некои пензии сè уште подлежат на оданочување.
Проценките за Германија велат дека избегнувањето на сиромаштијата во староста бара помеѓу 1.464 и 2.100 евра месечно, во зависност од регионот и трошоците за живот. Според овие податоци, се покажува дека „стандардната“ германска пензија ја покрива долната граница на она што е потребно за нормален живот.
Вистинските износи што ги добиваат пензионерите во Германија се значително пониски. Според официјалните податоци на германското пензиско осигурување, во 2023 година, мажите добивале просечно 1.348 евра старосна пензија, а жените само 908 евра. Во исто време, пресметаната стандардна пензија била 1.692 евра бруто, пренесува Пословни дневник.
фото freepic