Бизнис

„Proculin“ од Алкалоид слави 60 години постоење

„Точно пред шест децении Proculin стана дел од секојдневната грижа за очите. Од првото стаклено шишенце во 1965 година, па сѐ до денешните модерни пакувања и формулацијата со врвен квалитет, останавме доследни на една мисија – нудење на вистинските решенија за унапредување и за одржување на здравјето на очите.

Од Proculin Eye Drops, нашиот прв производ во форма на капки за очи, до современите варијанти на вештачките солзи, со секој чекор ги следевме потребите на нашите потрошувачи. Со текот на времето го проширивме асортиманот и стигнавме до цела една линија на производи за нега на очите, која вклучува раствори за контактни леќи, витамини за очите и вештачки солзи, како што е новата унапредена формулација Proculin Tears Advance +.

Пакувањето се менуваше, технологијата напредуваше, но останавме доследни на нашата мисија. Ви благодариме за довербата која ни ја укажувате сиве овие години“, велат од компанијата

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано