Бизнис
ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ Е ПОВИСОКА ЗА 211 ЕВРА ОД ХРВАТСКИОТ ПРОСЕК
12.05.2025
Просечната месечна нето плата по вработен кај правни лица во Загреб за февруари 2025 година изнесуваше 1.627 евра, што претставува номинален раст од 4% во споредба со јануари и зголемување од 13,1% во споредба со февруари претходната година.
Медијалната нето плата за истиот месец изнесувала 1.332 евра.
Највисоката просечна месечна нето плата кај правните лица за февруари е исплатена во секторот за производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати и изнесува 4.039 евра. Најниска плата е забележана во секторот други лични услужни дејности, со износ од 943 евра.
Во споредба со просечната месечна плата во Хрватска за февруари, која изнесуваше 1.416 евра, просечната нето плата во Загреб беше повисока за 211 евра.
Просечната месечна бруто плата по вработен кај правни лица во Загреб за февруари 2025 година изнесуваше 2.327 евра, што претставува зголемување од 4,6% во споредба со јануари и раст од 14% во споредба со февруари 2024 година.
фото freepic