Lifestyle
Најголемиот руски дијамант се продава на аукција!
03.05.2025
Компанијата „Алроса“ објави дека планира да го продаде на аукција дијамантот „Ново сонце“, најскапоцениот камен во историјата на Русија, со ретка жолта боја, со тежина од повеќе од 100 карати.
Раководителот на фабриката „Алроса“ во Јакутија, Ајсен Николаев, изјави за ТАСС дека планираат да го продадат дијамантот на аукција, но не прецизираше кога тоа би било.
Компанијата „Алроса“ во Република Јакутија и Архангелската област се занимава со истражување, производство, продажба и сечење на необработени дијаманти.
Руската Федерација поседува 33,03 проценти од акциите на „Алроса“, пренесува Еуроњуз.
фото freepic