Lifestyle

КОЈ ГРАД ИМА НАЈДОБАР ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СВЕТОТ?

10.04.2025

Хонгконг се наоѓа на  врвот на листата на градови со најдобар јавен превоз во светот.

Негова конкуренција се некои азиски градови како Шангај и Пекинг, како и скандинавските земји и Швајцарија.

Во Хонгконг системот за јавен превоз е добро развиен, има солидна инфраструктура и се карактеризира со пристапност и голема густина на станици.

Хонгконшкото метро или MTR (Масовна транзитна железница) е еден од најнапредните системи на метро во светот. Секојдневно се извршуваат околу 10 милиони патувања, а возовите возат често што времето на чекање никогаш не надминува неколку минути. Дури и во шпицот.

Градската железница е поврзана и со други видови на јавен превоз, како што се автобуси, трамваи, фериботи, па дури и трансфери од/до аеродром, а патниците можат да ги платат своите билети бесконтактно, што секако придонесува за намалување на застојот.

MТР се состои од 166 станици каде што доцнењата и прекините во сообраќајот се сведени на минимум. Благодарение во голема мера на ефикасниот јавен превоз, Хонгконг има многу ниска стапка на сопственост на автомобили, пренесува Бизнис.ба.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО