Бизнис
НА АПАНАЖА ДО ОКТОМВРИ ИЛЈАДНИЦИ АМЕРИКАНСКИ ФЕДЕРАЛНИ СЛУЖБЕНИЦИ
05.02.2025
Повеќе од 20.000 американски федерални службеници, приближно еден отстот од владината работна сила, ја прифатиле понудата да си заминат од работните места во замена за континуирана плата до крајот на септември, изјавил извор за „Ројтерс“.
Кон крајот на минатиот месец, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп понуди финансиски стимулации за два милиони цивилни федерални работници со полно работно време да се откажат како дел од плановите за драстично намалување на бројот на вработени во федералната владата.
Понудата се однесува на државните службеници, освен оние од имиграцијата, контролата на воздушниот сообраќај, работните места поврзани со националната безбедност и луѓето кои работат за американската поштенска служба, пренесе Б2.
фото freepic