Бизнис
МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА СО ГОДИШЕН ПАД НА ВРАБОТЕНИ, НАЈВИСОК ПАД ВО ПРЕРАБОТУВАЧКИОТ СЕКТОР
03.02.2025
Бројот на работниците во индустријата минатата година е намален за 0,3 % во однос на 2023-та. Во декември лани, пак, во споредба со истиот месец од 2023, нивниот број е помал за 4,7 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1,6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5,0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 2.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,3 %, кај Капитални производи за 3,0 %, Интермедијарни
производи, освен енергија за 6,3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9 %. Додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка од 25,7 %.
Извор МИА
фото freepic