Бизнис

НАМАЛЕНА КУПОВНАТА МОЌ НА АМЕРИКАНЦИТЕ, Продажбата на куќи во САД е на најниско ниво

25.01.2025

Продажбата на куќи во САД  се намали минатата година и достигна најниско ниво во речиси три децении, откако високите цени на недвижностите и зголемените каматни стапки на хипотекарните стапки ја намалија куповната моќ на Американците, соопшти Националната асоцијација на агентите на САД.

Продажбата на постојните куќи преовладува на американскиот пазар, и изнесуваше 4,06 милиони единици во 2024 година, што е најниско ниво од 1995 година, објави Си-Ен-Ен.

Просечната стапка на конвенционална 30-годишна фиксна хипотека го достигна врвот на 7,22 отсто минатата година, а по краткото намалување на речиси шест отсто, таа се зголеми во последните недели, достигнувајќи 7,04 отсто минатата недела, пред да падне на 6,96 отсто недела.  

Во меѓувреме, средната цена на постојните куќи  расте во последните 18 месеци, достигнувајќи рекордни 407.500 долари (388.000 евра) во 2024 година, пренесува „Политика“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО