Во последните 20 години околу 3.100 компании ги преселиле своите бизниси во Виена, што резултираше со прилив на странски инвестиции од над 4,7 милијарди евра и отворија нови 24.000 работни места.
Новата иницијатива под име ВиенаБизнис дополнително го прави главниот град на Австрија глобален деловен центар. Со иницијативата се нуди поддршка на меѓународните компании, стартапи и за експертите кои се заинтересирани за развој на своите идеи. Иницијативата е покрената од Виенската деловна агенција, која е основана пред 40 години, и со неа се нуди можност на инвеститорите и фирмите да пристапат на онлајн порталот и да се информираат за деловни информации, да се запознаат со искуството на други компании, но се нудат и бесплатни информации за работниците, за основање на компании и деловното вмрежување.
Благодарение на оваа иницијатива, интересирањето на меѓународните компании за Виена значително порасна од почетокот на 2024 година. ВиенаБизнис платформата има речиси милион посетители. Еден од клучните проекти е и Vienna Planet Fund, грант програма која е вредна четири милиони евра, а која е наменета за поддршка на иновативни климатски проекти кои се имплементираат во Виена, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic