Бизнис
ГРЦИЈА ЗАБРАНУВА КРАТКОРОЧНО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ПОДРУМИ И МАГАЦИНИ ЗА ТУРИСТИ
11.01.2025
Пред пратениците во грчкиот парламент се најде законот со кој се заоструваат правилата за краткорочно изнајмување на станови за туристите, во кој се вклучени и забраната за користење на преуредени магацински простори и подруми без прозори.
Реновираните магацини, подземните простори и некогашните индустриски објекти ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување, пренесува АП.
- Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за користење за туристи. Просториите за изнајмување мораат да служат како примарни простори за живеење, со природно светло, вентилација и климатизација, изјави министерката за туризам Олга Кефалојани.
Во Атина пред една година е воведена забраната за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните населби, а за непочитување на оваа мерка се одредува казна од 20.000 евра, пренесува „Нова.рс“.
фото freepic