Бизнис
Љушев: Во 2025 година ќе претставиме напредни решенија базирани на ВИ
Што очекувате од 2025г.
Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2024г.
„Вештачката интелигенција (ВИ) и нејзиниот трансформациски потенцијал ќе останат во центарот на интерес и во наредниве години и ќе продолжат да ја менуваат нашата реалност. Со одговорно и со етичко користење на ВИ, драматично ќе се зголемат продуктивноста и ефикасноста на бизнисите и ќе се подобри квалитетот на животот и на општата благосостојба.
Ние во Телеком имплементираме ВИ во повеќе аспекти на нашето работење бидејќи има клучна улога во автоматизацијата на процесите и во подобрувањето на корисничкото искуство. Во 2025 година ќе претставиме напредни решенија базирани на ВИ за подобрување на ефикасноста на мрежата со што ќе ги детектираме и ќе ги пресретнеме и најмалите недоследности во функционирањето на мрежите и на системите. Од друга страна, со користење напредни модели на машинско учење, ќе имаме персонализирани понуди според индивидуалните потреби на корисниците, а ВИ ќе се користи и за поголема ефикасност и за полесно решавање на корисничките проблеми.
Нареднава година очекуваме и помасовно користење на нашите напредни решенија за телемедицина кои може да најдат многу поширока примена и да направат голема промена во дијагностиката и во третманот на пациентите.
Нашиот фокус останува на иновативни решенија за поквалитетни услуги, на подобро корисничко искуство и на поквалитетен живот за сите“.