Бизнис
УЧЕСТВО ОД 1.000 ЕВРА ЗА СТАН ОД 75.000 ЕВРА, српскиот претседател Александар Вучиќ, го прифати предлогот на студентите
12.12.2024
На младите лица во Србија (и студентите) за купување на стан од 75.000 евра ќе им биде потребно учество од само 1.000 евра, наместо претходно објавениот лимит од 2.250 евра, изјави денеска Александар Вучиќ, претседателот на Србија, како одговор на коментарите на граѓаните на социјалните мрежи кои предлагале намалување на сумата за учество за добивање на банкарски кредити за стан!
За остварување на оваа идеја веќе разговарал и со министерот за финансии и Владата на Србија, објави Вучиќ.
- Добив ветување дека за ова ќе се најде решение до крајот на денот. Учеството за стан од 75.000 евра мора да биде помало од 1.000 евра. Со сите трошоци за обработка на документите не може да надмине 1.400 евра и така станот ќе биде ваш, изјави Вучиќ.
Државата ќе ги зголеми субвенциите за да може каматите да бидат според постигнатиот договор, односно 122 евра за првата година, 200 евра до завршување на шест години и 333 евра по овој период.
- За ова време младите ќе се вработат, почнуваат да работат и место да плаќаат криија, тие можат да живеат во својот стан цело време, изјави Вучиќ, пренесува „Данас“.
фото freepic