Lifestyle
ТИКТОК ГИ ОГРАНИЧУВА ФИЛТЕРИТЕ ЗА РАЗУБАВУВАЊЕ
02.12.2024
Користењето на филтери за разубавување на социјалните платформи влијае на намалување на самодовербата и ја зголемува анксиозноста кај младите. Големите интеренет платформи и социјални мрежи во послено време воведуваат различни опции за да се заштити менталното здравје кај децата.
Од Тикток најавуваат ограничувања во врска со употребата на филтерот за убавина, а причината е зголемување на бројот на лицата кои патат од анксиозност. Во наредните недели на младите од 18 години ќе им биде оневозможено вештачки да ги зголемуваат очите, да ги „полнат“ усните и да ја менуваат пигментацијата на кожата.
Оваа социјална мрежа со милијарда корисници ги најави промените во текот на безбедносниот форум во европското седиште во Даблин. Ограничувањата се однесува на филтерите како што се „смајли гламур“, како и на „стрип“ филтери.
Користењето на овие „услуги“ за подобрување на физичкиот изглед предизвикувале негативни емоционални последици посебно врз девојчињата, кои по употребата на филтерите сметаат дека вистинското лице не им е убаво. Воедно се планира да се ограничи пристапот на социјалната мрежа на младите од 13 години, пренесува „Политика“.
фото freepic