Бизнис

ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЕУ

14.11.2024

Сезонски прилагодена индустриско производство во еврозоната во септември се намали за 2,8 отсто на годишно ниво  и за два отсто во однос на претходниот месец, објави Евростат.

Во Европската Унија индустриското производство, според прелиминарните процени,  во септември се намали за 2,4 отсто на меѓугодишно ниво и за два отсто на месечно ниво.

Најголемиот годишен раст на индустриското производство  е забележан во Данска со раст од 7,8 отсто, Белгија со шест отсто. Најголем пад на индустриското производство има во Ирска 7,3 отсто, Луксембург со 6,3 отсто и Унгарија со 5,3 отсто, пренесе „Блиц“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано