Бизнис

Тридневна бесплатна обука на тема: АНАЛИЗА, ПРИСТАП И МОДЕЛИ НА ВЛЕЗ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ

05.09.2024г.

Институтот за извоз при Стопанската комора на Северна Македонија, во рамките на партнерството со УСАИД преку проектната активност „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој има цел да поттикне зајакнување на капацитетите на македонските компании за поуспешна регионална соработка и за нивно поврзување во нови партнерства, организира бесплатна обука на тема „Aнализа, пристап и модели на влез на странски пазари“. Обуката ќе се реалзиира во Стопанската комора на Северна Македонија од 23 до 25.9.2024 година во сала 1 на 5-ти кат.

Целта на обуката е учесниците од компаниите да:    

·         се здобијат со продлабочени знаења од областа на меѓународните економски односи и на меѓународниот бизнис, со фокус врз надлежностите на одделни меѓународни организации и интеграции;

·         ги согледаат придобивките од глобализацијата (особено за компаниите од малите земји со ограничен домашен пазар) и начинот на функционирање на компаниите во меѓународни рамки (интернационални компании и меѓународен корпоративен менаџмент);

·         се здобијат со сознанија за начините за влез на странски пазари.

Целна група: обуката е наменета за сите претставници од компаниите кои започнуваат со извоз или сакаат да се прошират на нови пазари, како и за сите други лица кои сакаат да го усовршат и да го надградат своето знаење или да го потврдат во делот на извозните активности, низ призмата на искуството на експерти и практичари од областа.

ПРОГРАМА
 

1.    Спецификите на меѓународните пазари и таргетирање потенцијален пазар

2.    Идентификување на ограничувањата за влез на конкретен пазар и профилирање на потенцијални потрошувачи

3.    Фаза 1: извоз

4.    Фаза 2: отворање претставништво

5.    Фаза 3: отворање производствен погон на странските пазари

 

Институтот за извоз претставува професионална, услужна алатка за поддршка на извозно ориентираните компании, која за потребите на компаниите нуди обуки и работилници за развивање на кадровските капацитети, со знаења и вештини потребни за реализација на извозните активности. Институтот, во рамките на своето дејствување, за потребите на компаниите изготвува анализи и истражувања со податоци за извозната конкурентност на таргетираните странски пазари, податоци за царинската и за даночната политика, нецарински бариери и сл.

Обуката ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 1 на 5-ти кат.        

Тренерите на обуката ќе користат повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ќе ја зголемат продуктивноста во пренсувањето на информациите и во успешното добивање знаења и лични перформанси кај учесниците.

Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат за присуство од Стопанската комора на Северна Македонија, а за време на обуката закуска, кафе и освежување на паузите. 

Пријавувањето за обуката е со доставена пријава од вас на електронската адреса на Стопанската комора најдоцна до 18 септември (среда) 2024 година.   
Работен јазик и материјали: македонски, српски и англиски јазик.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано