Бизнис

Одгледувачите на авокадо во Мексико во „судир“ со американските инспектори

24.06.2024

Инспекторите на американската влада кои го  проверуваат квалитетот на плодовите на авакадо и манго за увоз од мексиканската држава Мичоакан постепено ќе почнат да работат, по прекинот минатата недела, кога  беа физички нападнати од мексиканските фармери, изјави Кен Салазар, амбасадорот на САД во Мексико.

-       Неопходно е да се унапреди гарантирањето на безбедноста на инспекторите на Министерството за економија на САД пред да се вратат на работа во складиштата, соопшти Салазар.  

Минатата недела биле нападнати официјални лица на Службата за инспекција на САД и привремено биле заробени двајца инспектори, што беше причина САД да ги прекине инспекциските контроли за извозот на авокадото.  

Увозот на авокадо и манго во САД од најголемата мексиканска држава Мичоакан е голем. Американските инспектори во Мексико проверуваат дали авокадото за извоз пренесува и болести кои можат да им наштетат на американските насади од ова овошје.

Многу одгледувачи на авокадо во Мичоакан се жалат дека прометот со авокадо е контролиран од криминални групи, кои барале исплата на одредена сума заради „заштита“. Во извештаите на САД се споменува дека организирана мрежа на продавачи се обидува да извезе авокадо од другите држави во Мексико , а кои немаат одобрување за извоз и се обидуваат да го избегнат контролите на инспекциите од САД, пренесе „Бизлаив“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано