Lifestyle

Електричните автомобили почести учесници во несреќи во кои се вклучени пешаците!

25.05.2024

Новата студија во Велика Британија покажува дека електричните и хибридните возила позначително учествуваат во несреќите во кои се вклучени пешаците во споредба со возилата на бензин или дизел. Анализата направена врз основа на податоците за сообраќајните несреќи и должината на изминатите километри, покажала дека електричните возила во урбаните средини за трипати повеќе се вклучени во несреќите со пешаците споредено со возилата со внатрешно согорување.

Студијата, која ги опфаќа податоците за сообраќајните незгоди во Велика Британија од 2013 до 2017 година, покажала дека од 916.713 сообраќајни несреќи, во 13 отсто се вклучени пешаците. Од нив, во една четвртина од несреќите биле вклучени електричните возила, пренесува „Нова економија“.

Електричните возила се почесто се користат во урбаните средини, а дополнителен фактор е што младите и неискусните возачи се почесто управуваат електрични и хибридни возила.

Еден од факторите за несреќите е тишината при движењето на  електричните возила што ги прави помалку забележителни за пешаците. Поради тоа, производителите на електрични автомобили вградуваат системи за предуредување за пешаците, со емитување звуци при ниска брзина на движење.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано