Lifestyle
Хрватите годинава трошат повеќе на патување и ресторани
14.05.2024г
Просечниот износ на пари со кои Хрватите располагаат на месечно ниво, со вклучени редовни и дополнителни приходи, изнесува 1.035 евра. Со најголема сума од 1.224 евра располагаат лицата на возраст од 40 до 49 години, а граѓаните на возраст од 18 до 29 години располагаат со 751 евро, од нив 13 отсто немаат никакви расположиви средства, покажува анкетата која е спроведена од „Мастериндекс“.
Месечните приходи најмногу се трошат на храна и пијалок во просек по 234 евра, за облека и обувки 113 евра, за исплата на кредити 86 евра и за заштеди остануваат 72 евра. Во другите трошоци се вклучени исплатите за лична нега, уредување на домот, превоз. Испитаниците изјавиле дека месечно за забава и разонода трошат околу 41 евро, додека за образование само 25 евра.
Најголемо зголемување во висината на трошоците во споредба со минатата година има во категоријата патување и ресторани. Околу 45 отсто од анкетираните лица изјавиле дека трошат повеќе за оваа намена. Зголемена потрошувачка е забележана и за набавка на мебел, облека, културни настани за достава на храна и сл.
Инфлацијата и порастот на цените се најголемите проблеми за 58 отсто од хрватските граѓани, ико има намалување за шест процентни поени во однос на минатата година. Влошување на перпцепцијата кај хрватските граѓани има за криминалот и корупцијата. Секој трет граѓанин или 34 отсто од анкетираните искажуваат загриженост за високата корупција во земјата, што е зголемување за 12 процентни порени во однос на 2023 година, пренесува „Лидермедија“.
фото freepic