Бизнис
Намален бројот на слободни работни места во Хрватска
03.04.2024г.
Индексот на слободни работни места за март годинава во Хрватска е намален за 8,2 отсто во однос на истиот месец лани и претставува најголемо намалување во последните 37 месеци. Во однос на февруари годинава е намален за 4,2 отсто, објавија од Економскиот институт во Загреб.
- Во првите три месеци годинава индексот е намален за 5,1 отсто во однос на истиот период лани, што е најголем пад во последните три години. Иако побарувачката за работна сила во првото тримесечие е намалена, во однос на последните 12 месеци има благо зголемување за 0,1 отсто, потенцираат од Економскиот институт во Загреб.
Најбарани професии во Хрватска се: продавач, готвач, кувар, магационер и возач. Според квалификациите, најмногу слободни места има за лицата со средна квалификација (65 отсто), а огласите за работни места за ниска квалификација се намалени на 13,9 отсто. Учеството на огласите за висока квалификација се намалени на 20,6 отсто.
Во сите четири географски регии во Хрватска има намалување на бројот на огласи за слободни работни места, посебно во централна Хрватска, додека во регионот на северен Јадран се намали на 14,9 отсто, пренесува Сеебиз.
фото freepic