Вести
Туристите од ЕУ оствариле повеќе ноќевања во 2023 година
13.03.2024г.
Најмногу странски гости имале две земји од централна Европа
Бројот на остварени ноќевања во туристичките капацитети во земјите од Европската Унија минатата година изнесува 2,9 милијарди и бележи раст од 6,1 отсто во споредба со 2022 година. Најголем раст оствариле Малта и Кипар, каде бројот на ноќевања е зголемен за 20 отсто. Следи Словачка со зголемување од 16 отсто. Словачка и Чешка имаат најголем раст, кога станува збор за меѓународни гости, а минатата година имале повеќе ноќевања за 29 отсто.
Во категоријата на домашни гости, најголем раст на ноќевањата има во Грција со зголемување од 13 отсто, Словачка со 11 отсто и во Бугарија со раст од девет отсто. Најголем пад на ноќевањата од домашните гости има Словенија со негатива од 17 проценти.
Податоците за остварениот туристички промет во ЕУ покажуваат пораст на ноќевањата од пролетта 2022 година, а во мај истата година беше остварено нивото на ноќевања од пред пандемијата, пренесува Бизнис.рс.
фото freepic