Бизнис
Кузманоски: Нашиот најголем проблем и предизвик е најпрво да ја продадеме дестинацијата а потоа и нашите услуги
Здружение на угостителството и туризмот
Александар Кузманоски, сопственик на Друштво за туризам и угостителство СИМОНИУМ ТРАВЕЛ
Економија и бизнис, печатено издание, февруари 2023г.
Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?
Периодот на пандемијата беше иклучително тежок и предизвикувачки за секторот туризам но истовремено ја врати и ja нагаласи потребата од услуги на вистински туристички агенции и туроператори пред брзорастечките ОТА (онлајн туристички агенти каде главно се нуди селф сервис) бидејќи само вистинските туристичките агенции и туроператори можеа единствено да одговорат на многуте прашалници и неизвесности во време на пандемија.
Пост пандемијата донесе нови предизвици (инфлација, војна во Украина , раст на цените на енергенсите па дури и оперативни тешкотии во организирање на патувања, ценовна нестабилност и непредвидливост) кои требаше да го парализираат туризмот но, за чудо, како да се случи баш спротивоното, видовме една упорност да се патува и покрај се, видовме и осетивме раст на бројот на туристи кои ја посетија нашата држава и Балканот како дестинација. Навидум изгледа како да продолжуваме токму онаму каде застанавме со почетокот на пандемијата, со таа разлика што сега се соочуваме со недостаток од човечки ресурси во секторот туризам, сектор кој пандемијата го обележа како лесно ранлив и имам чувство дека многу туристички работници го напуштија секторот. Според мене тоа ќе биде најголемиот предивик со кој ке се соочуваат нашите компании во 2023 и годините што следат.
Како компанија активно работиме на регрутирање на специфичен кадар кој ни е непходен за да проектираме раст. Заедно со колеги од нашиот сектор и здружението при СКСМ работиме на враќање на атрактивноста на нашиот сектор и професијата туристички работник. Постојано инвестираме во неопходната дигитализација која ни ја наложува новото време но сепак силно трудејќи се да го задржиме факторот – човек како клучен во концептот.
Најголемиот број наши гости кој ја посетуваат нашата земја, како дел од поголема Балканска тура, со 3 до 4 ноќевања во Македонија, се од Англија и Шпанија, со очекувана реализација од околу 10 000 ноќевања за 2023та, а преку нашите програми за Fit и Incentive патувања, гости имаме буквално од целиот свет.
Македонија како дестинација не е позната за овие туристи и нашиот најголем проблем и предизвик е најпрво да ја продадеме дестинацијата а потоа и нашите услуги.
Нашата компанија, самостојно, дестинацијата ја промовираме главно преку посета на саеми и Б2Б средби. Континуирано правиме фам-патувања за промоција, за новинари и туроператори, за отварање нови пазари, со акцент на Балтичките и Скандинавски земји. Веќе кон крајот на оваа година очекуваме пилот чартер тура од една Балтичка земја, која се надеваме од 2024та да постави една посериозна продукција.
За освојување нови пазари пред се недостасуваат маркетинг истражувања кои се одговорност на АППТМ, потоа маркетинг истражувања на конкретни пазари, па дури потоа маркетинг кампања која ќе се служи со промотивни алатки определени со истражувањата.