Page 5 - UNDP 01 juni 2024
P. 5
УНДП конференција
Н.Е. Вероник Улман
Амбасадор на Швајцарија во РСМ
ШВАЈЦАРИЈА ОСТАНУВА
ПОСВЕТЕНА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА
ОТПОРНОСТА КОН КАТАСТРОФИ
И ПОДДРШКА НА РОДОВАТА
ЕДНАКВОСТ ВО СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА
Амбасадорке Улман, зошто е значајно одржу-
вањето на конференција за родова еднаквост и за
намалување на ризиците од катастрофи? Зарем ка-
тастрофите не ги засегаат подеднакво сите граѓа-
ни, независно од родот?
Н.Е. В. Улман: Регионалната конференција за
родова еднаквост во намалувањето на ризиците
од катастрофи претставува уникатна платформа
за размена и за споделување искуства за тоа на кој
начин родовата рамноправност може да биде ус-
пешно „мејнстримирана“ во политиките и во про-
грамите за намалување на ризиците од катастрофи.
Природните катастрофи не се родово неутрални и
различните заедници не ги чувствуваат последици-
те на ист начин. Токму затоа примената на родово
сензитивен пристап во намалувањето на ризиците
од катастрофи е од клучно значење за да бидеме
ефикасни и да одговориме на потребите на најран-
ливите групи. Ова значи дека ранливите групи тре-
ба да бидат систематски вклучени во дизајнирање-
то и во спроведувањето на мерките за митигација
(намалување на последиците) и за адаптација.
Швајцарија со 12 милиони франци го финан-
сира проектот „Подобрување на отпорноста кон
поплавите во Полошкиот Регион“ што го спроведу-
ва УНДП. Зошто се одлучивте да поддржите ваков
проект и кои се неговите основни цели?
42 01 јуни 2024

