Page 4 - UNDP 07-08 2023
P. 4
ИНТЕРВЈУ
„Татко ми беше под големо влијание на модер- имаше трајно влијание врз архитектонскиот изглед
нистичките архитекти и затоа тој опширно ја на градот. Дали мислите дека неговата работа во
проучуваше преку патувања низ Европа и САД, Скопје ја одразува неговата архитектонска визија и
гледајќи ја модерната архитектура. филозофија на живеење?
И тоа беше првиот чекор за него. Значи, идеја-
та е дека искуството од работата во Скопје го Пол Танге: Се разбира, татко ми беше под големо
направи неговиот поглед на светот сосема по- влијание на модернистичките архитекти и затоа тој
инаков“ опширно ја проучуваше преку патувања низ Европа
и САД, гледајќи ја модерната архитектура.
И тоа беше првиот чекор за него. Значи, идејата
е дека искуството од работата во Скопје го направи
неговиот поглед на светот сосема поинаков.
Ние во архитектурата, знаете, не сме како мате-
матичарите, затоа што ние имаме многу одговори.
Ова беше еден значаен чекор во неговата работа
да создаде нешто што го имал на ум и да одговори
на реалните состојби. Значи, ова беше многу важна
пресвртница во неговата кариера за креирање на
урбанистички дизајн, урбанистичко планирање во
Скопје, кое беше спроведено како што тој замислил,
би рекол.
Еднаш го цитиравте вашиот татко дека „Не е
добро за архитект да ја дизајнира својата куќа“. Тој
се пошегува велејќи дека секој член на семејството
може да се жали, но тој, архитектот, не можел да го
стори тоа. Дали е така и за градовите, дали е добро
архитектот да живее во град што го дизајнирал?
Пол Танге: Тоа е интерна шега во семејството за-
тоа што, знаете, јас, мајка ми, сите, семејството, ние
секогаш велиме дека живееме во оваа куќа. Не ми
се допаѓа ова, не ми се допаѓа тоа и така натаму. Но,
само ние тоа можеме да го кажеме. Татко ми како
архитект и човекот кој ја изградил куќата, не може
да се пожали.
На шега го кажа тоа. Но, реалноста воопшто не е
таква. Шетав низ една зграда со татко ми кога беше
завршена и тој ми посочуваше многу работи кои мо-
желе и поинаку да се решат.
Но, сега кога сум во компанијата, разбирам, би-
дејќи како што реков, нема едно решение во архи-
тектурата или дизајнот.
Кога бев млад архитект не можев да разберам зо-
што е толку критичен. Всушност, тој секогаш се оби-
дувал да види друг начин како да се направи нешто.
И сега кога шетам низ завршена зграда и јас го пра-
вам истото тоа.
Се разбира дека вистинскиот сон на архитектите
и на урбаните дизајнери е да бидат во просторот кој
го создале. Затоа, за градот кој го дизајнираше тука,
тој би сакал и самиот да биде во Скопје и да му по-
могне да расте.
јули/август 2023 37

