Page 7 - komora 15 juli 2024
P. 7
102 ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА
ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА – КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ –
НОВИ ТРОШОЦИ ЗА БИЗНИСОТ
лиматските промени и заштитата на жи-
вотната средина сè повеќе се ставаат во
Кспрега со бизнисот. А зошто со бизнисот?
Бројките говорат дека климатските промени
настануваат поради ефектот на стаклена градина
кој се создава од емисиите на стакленички гасо-
ви, а тие се: јаглерод диоксид (СО2), метан (СН4),
азотен оксид (N2H) и флуорни (F) гасови, а најго-
лемо учество во ефектот на стаклена градина има
СО2, околу 75 %. Тој се емитува во атмосферата
при согорување на фосилните горива: јаглен,
нафта и природен гас.
Главна цел во борбата против климатските
промени е намалување на емисиите на СО2 и то-
кму тоа се нарекува декарбонизација. Главна цел
на процесот на декарбонизација е премин од фо-
силни горива кон обновливи извори на енергија
(сонце, ветер и биомаса) или т.н. чиста енергија, а
најголем дел на емисиите на стакленички гасови
доаѓаат од енергетиката и од тешката индустрија. долари оваа година на 2 800 милијарди амери-
кански долари до почетокот на 2030 г. за да му
Оваа енергетска транзиција не е едноставна овозможат на светот да ги исполни поставените
работа и ќе трае неколку децении при што се по- цели за одржлива енергија и да ги држи на по-
требни и вложувања на големи финансиски сред- видок климатските цели од Парискиот договор.
ства. Климатските промени наметнуваат промени во
За побогатите (развиените) земји е полесно нашето секојдневно живеење, но и во секојднев-
да ги обезбедат тие инвестиции. Но, за земјите ното работење на компаниите. Тие ќе мора да ги
во развој тоа е поголем товар поради помалиот следат препораките за премин кон користење
економски потенцијал, па затоа им е потребна чиста енергија. Во спротивно, разни временски
финансиска помош. Според еден од поновите и други видови катастрофи ќе станат наша се-
извештаи на Меѓународната агенција за енергија којдневна реалност.
(IEA), годишните инвестиции во чиста енергија во Фирмите, но и државите ќе треба да одлучат
земјите во развој и во оние со забрзана економија како ќе живееме, сигурно и скапо или неизвесно
мора да скокнат од 770 милијарди американски и евтино.
Стопанската комора е препознаена како институција партнер на меѓународна финансиска
организација која ќе поддржи изработка на веб-платформа – Патоказ за декарбонизација.
Освен општи информации за декарбонизација, оваа платформа ќе содржи и:
» добри практики на компаниите;
» информации за кредитни линии и пристап до финансии;
» информации за обуки, за прописи, за новини во ЕУ, во ЦБАМ, во системот за тргување со
емисии на CO2.
Платформата ќе биде и простор за дополнително промовирање на активности, односно место
за објавување на обуките и на тренинзите во организација на Комората на тема декарбониза-
ција, но и добри практики на компании те и нивно препознавање.
Веќе во текот на месец јули 2024 година се организираат презентации на кредитните линии, а
првата во низата презентации ќе биде со акцент за поддршка на фотоволтаични системи и на
батериски системи.
15 јули 2024 31

