Page 2 - mk2025_15_02_2025
P. 2
Графикон број 3: Внатрешна трговија, годишни
стапки на раст
Трговија: Како што може да се види од
графиконот со број 3, во четвртиот квар-
тал од 2024 година трговијата продолжи
да забележува солидни стапки на раст
(4,4 %) во согласност со порастот на пла-
тите, но трендот е надолен. Најголем по-
зитивен придонес забележува трговијата
на големо (без моторни возила), додека
умерен негативен придонес забележа тр-
говијата со моторни горива.
Ваквите податоци за трговијата упату-
ваат дека овој сектор ќе има позитивен
придонес во растот на БДП, но понизок
од претходниот квартал. Извор: Државен завод за статистика
Графикон број 4: Туризам, годишни стапки на
промена
Туризам: Туризмот забележува солдни
стапки на раст, но со надолен тренд. Како
што може да се забележи од графиконот
број 4, растот кај туризмот во периодот
октомври − ноември продолжи со солид-
на стапка на раст, но во услови на ниска
стапка на раст на домашните туристи.
Имајќи ги предвид сите овие податоци,
се очекува овој сектор да има позитивен
придонес во растот на БДП за кв. 4 од
2024 година, но со понизок интензитет
во однос на претходните квартали.
Извор: Државен завод за статистика
Расходна страна:
Надворешно-трговска размена: Извозот
на стоки во четвртиот квартал од 2024 го- Графикон број 5: Извоз на стоки, годишни стапки
дина забележа номинален пад од 7,8 % во на промена
споредба со истиот период од минатата
година, додека увозот на стоки забележа
намалување од 1,5 %, што доведе до умере-
но проширување на трговскиот дефицит.
Притоа кај извозната компонента падот е
најголем кај извозот на хемиски и сродни
производи, пред сè како резултат на па-
дот кај извозот на еден поголем производ-
ствен капацитет лоциран во технолошките
развојни зони. Кај увозната компонента,
позначаен е падот кај увозот на обоени ме-
тали, како и на хемиски суровини.
Имајќи го предвид поголемиот пад на из-
возната од увозната компонента, очеку-
ваме придонесот на нето-извозот да биде Извор: Државен завод за статистика
негативен за кв. 4 од 2024 година.
15 февруари 2025 39

