Page 1 - mk2025_15_02_2025
P. 1
КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР − ПРОЕКЦИИ ЗА КВ. 4 ОД 2024 Г.
Македонија 2025 прогнозира: македонската економија ќе забележи раст
на бруто-домашниот производ во кв. 4 од 2024 г. меѓу 1,5 % и 3,5 %
Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци,
предвидуваме раст на бруто-домашниот производ меѓу 1,5 % и 3,5 % во четвртиот квартал од
2024 година, движен пред сè од растот кај градежниот сектор и услугите, при истовремен пад на
индустриското производство. Инфлацијата забележува умерено забрзување при што монетарната
цел за инфлација блиску до 2 % сè уште не е достигната.
Проекцијата се должи на следниве економски движења во четвртиот квартал од 2024 година:
Графикон број 1: Индустриско производство,
Производна страна: годишни стапки на промена
Индустриско производство: Во текот
на четвртиот квартал од 2024 година,
индустриското производство забележа
пад од 2 %, што претставува четврти
последователен квартал со негативен
раст. Во кв. 4 од 2024 година, повеќе-
то гранки забележаа пад при што по-
голем негативен придонес забележаа
индустриските капацитети лоцирани
во технолошките развојни зони, доде-
ка мал позитивен придонес забележаа
традиционалните индустриски гранки
како металната и тутунската индус-
трија.
Податоците за индустриското произ-
водство укажуваат дека секторот ин- Извор: Државен завод за статистика
дустрија ќе има умерен негативен при-
донес во растот на БДП во четвртиот
квартал од 2024 година.
Графикон број 2: Реални извршени градежни работи,
годишни стапки на промена
Градежништво: Реалните извршени
градежни работи во октомври 2024 го-
дина (последен расположлив податок)
забележаа пораст од 16,3 % во однос на
истиот период од претходната година.
Ваквите движења се должат на растот
кај високоградбата и нискоградбата, а
во услови на пад кај специјалните гра-
дежни работи.
Податоците за градежниот сектор упа-
туваат на солиден позитивен придонес
во растот на бруто-домашниот произ-
вод.
Извор: Државен завод за статистика
38 15 февруари 2025

