ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ГО ПОГОДИ КУВАЈТ, не извезува сурова нафта за прв пат од 1991 година

Во април 2026 година, за прв пат по повеќе од три децении, Кувајт не извезе ниту еден барел сурова нафта, поради блокадата на Ормускиот теснец, според специјализираната страница за следење на испораките на нафта TankerTrackers.com.

Според извештаите, иако Кувајт сè уште произведува нафта, која делумно се складира, а делумно се преработува во деривати, од кои некои се извезуваат, во текот на април немаше извоз на сурова нафта, објавија медиумните во светот.

Поради поморската блокада на Ормускиот теснец, која го запре транспортот на нафта, државната компанија „Кувајт Петролеум Корпорејшн“ беше принудена да ја продолжи состојбата на виша сила на извозот на нафта на 17 април.

Кувајт има максимален производствен капацитет од околу 3,2 милиони барели дневно, додека пред кризата производството беше околу 2,7 милиони барели дневно, а како што пишува CNBC, на почетокот на мај производството беше намалено на околу 1,2 милиони барели дневно.

Нафтата е основа на кувајтската економија, сочинувајќи околу 50 проценти од бруто-домашниот производ, додека приходите од извозот на нафта обезбедуваат приближно 90 проценти од буџетските приходи на земјата, според податоците од Светската банка, пренесува Политика.не извезува сурова нафта за прв пат од 1991 година


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано