ТРАМП ЗАПОЧНУВА ТРГОВСКА ВОЈНА СО ЕУ, од следната недела се воведува царини од 25 проценти за увозот на автомобили и камиони

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека почнувајќи од следната недела, Вашингтон ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони увезени од Европската Унија, наведувајќи го непочитувањето на трговскиот договор како причина.

Трамп објави дека царините за возила увезени од Европската Унија ќе се зголемат на 25%, тврдејќи дека европската страна не ги почитува условите од договорот склучен меѓу двете страни.

„Со задоволство објавувам дека бидејќи Европската Унија не го почитува нашиот трговски договор, следната недела ќе ги зголемам царините наметнати за автомобили и камиони увезени во Соединетите Држави од Европската Унија. Царината ќе се зголеми на 25%“, рече Трамп.

Во исто време, тој зборуваше за значајни инвестиции во автомобилскиот сектор, истакнувајќи дека веќе се во тек нови проекти за изградба на фабрики, со вкупна вредност од повеќе од 100 милијарди долари, што го опиша како историски рекорд за тој сектор.

Според него, се очекува новите производствени единици, во кои ќе работат американските работници, наскоро да бидат ставени во функција, додека тврди дека овој развој ја одразува динамиката на американската економија, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано