Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во разговор со новинарите изјави дека е „во ред“ иранската репрезентација да игра на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Северна Америка во јуни и јули.
Оваа изјава дојде откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Иран ќе биде присутен на турнирот и ќе игра во Соединетите Држави, објави Ројтерс.
„Ако Џани го рекол тоа, тогаш е во ред. Знаете што? Нека играат“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
Британските медиуми претходно денес објавија дека учеството на иранската репрезентација на Светското првенство е неизвесно поради војната со САД и Израел.
Паоло Замполи, специјален пратеник на американскиот претседател, изјави за Фајненшл тајмс дека им предложил на Трамп и на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, италијанската репрезентација да го замени Иран на Светското првенство, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис







