КИНА ГИ ЗГОЛЕМИ РЕЗЕРВИТЕ НА НАФТА, САД И ЕВРОПА БЕЛЕЖАТ НАМАЛУВАЊЕ, докажаните светски резерви на нафта се зголемија за 7,3 милијарди барели

Докажаните глобални резерви на нафта се зголемија за 7,3 милијарди барели во 2025 година и достигнаа ниво од 1,573 трилиони барели, објави Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус).

Најголем придонес во тоа зголемување имаше Кина, чии резерви се зголемија за 6,3 милијарди барели, додека значителни зголемувања се забележани и на Блискиот Исток и Латинска Америка.

Обединетите Арапски Емирати, кои го објавија своето повлекување од ОПЕК Плус, го предводат растот на резервите на Блискиот Исток, додека пад е забележан во Ирак.

Во исто време, Бразил и Венецуела придонесоа за растот на резервите во Латинска Америка.

Од друга страна, резервите се намалени во Соединетите Американски Држави, европските земји од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и некои африкански земји, првенствено поради ревизијата на проценките во Нигерија.

Според податоците на ОПЕК, глобалните резерви на природен гас се зголемиле и за 1,37 трилиони кубни метри, со најголемо зголемување во американските земји од ОЕЦД.

Извештајот укажува на континуиран раст на енергетските ресурси на глобално ниво, и покрај регионалните разлики и намалувањето на резервите во одредени земји, што би можело да има значително влијание врз идните трендови на светскиот пазар на енергија, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано