Утре (27.4.2026 г. понеделник), во Стопанската комора ќе се одржи настан за доделување грант на конзорциуми во Северна Македонија, како дел од активностите во рамки на одржлива конкурентност на бизнисите од Западен Балкан 6, на патот кон единствениот пазар на ЕУ, во соработка со Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ).
Повод е официјалното соопштување на добитникот на грантот од четвртиот повик, а ќе бидат презентирани и резултатите од претходните три повика во кои учествуваа конзорциуми од компании, средни училишта и факултети, за поддршка на процесот на набавка на опрема во училиштата за реализација на практична обука во самите училишта и во компаниите. Во четирите отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици поддржува вкупно 17 проекти со 91 партнер претпријатие во Северна Македонија во износ од 7,63 милиони евра.
На четвртиот повик за предлог проекти, во сите 6 земји од Западен Балкан пристигнаа 187 пријави за интерес, од кои 14 беа од Северна Македонија. Комисијата за избор, согласно расположливите средтсва во Фондот, одлучи да финансира еден проект од Северна Македонија со вкупен износ од 495,350 евра. Овие средства ќе се искористат за подобрување на инфраструктурата на образовна установа и за обезбедување обука на учесниците во програмите за кооперативно образование.
На настанот свое обраќање ќе имаат: Бранко Азески, претседател на СКСМ; Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Северна Македонија; Михал Харари, заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, Весна Јаневска, министерка за образование и наука на Северна Македонија, Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово и Балша Чулафиќ, проектен координатор на РЦФ во име на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан.
Настанот ќе се одржи, утре, 27.4.2026 година, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, со почеток во 11 часот, а медиумите ќе имаат можност да го проследат настанот






