Соединетите Американски Држави извезоа 14 милијарди кубни метри течен природен гас во февруари оваа година, што е за 21 процент повеќе во однос на истиот период минатата година, објавиja од Министерството за енергетика на САД.
Најголем купувач беше Европа, каде што 72 проценти од вкупниот извоз беше испорачан со танкери, а главните дестинации беа Велика Британија со 1,7 милијарди кубни метри, Холандија со 1,6 милијарди, Египет со 1,3 милијарди и Германија и Турција со по една милијарда кубни метри.
Испораките во Азија се зголемија од седум проценти во јануари на 14,5 проценти во февруари, а преостанатите количини беа извезени во Латинска Америка и Африка.
Фото Економија и бизнис






