ИНОВАЦИИ И КВАЛИТЕТ ВО УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА: ШВАЈЦАРСКИ ПРИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам MK, во соработка со водечки компании и институции, организира настан од серијата „Деловни разговори“ на тема Иновации и квалитет во учење преку работа: Швајцарски пристап, локална примена“, кој се одржа во Центарот за истражување и обука на Баумер во ТИРЗ Бунарџик.
 
Дискусијата е посветена на унапредување на моделите на учење преку работа во земјата, преку размена на швајцарски искуства и нивна примена во локалниот контекст, со активно вклучување на компаниите, институциите и образовниот сектор.
 
Клучното излагање ќе го одржи Курт Вутрих, тим лидер HELVETAS Swiss Intercooperation, кој ќе даде преглед на развојот и визијата за учење преку работа во земјата, со осврт на тековните реформи и можности.  Посебен сегмент од програмата е посветен на практичните искуства од Швајцарија, преку хибридна сесија со експерти и практиканти од Баумер, кои ќе ги споделат своите искуства од системот на дуално образование и развој на млади таленти.
 
Во рамки на настанот, ќе се обратат Соња Стефановска, претседателка на СвисЧам MK, и Михал Харари, заменичка шеф на мисија во Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, со акцент на значењето на партнерството помеѓу приватниот сектор, институциите и образовниот систем за развој на конкурентна работна сила.
 
„Учењето преку работа не е само образовен модел, туку тоа е стратешка инвестиција во иднината на економијата. СвисЧам НК ќе работи на продлабочување на овој модел и на споделување на позитивните примери на компаниите кои досега го прифатија за се’ поголема негова примена што ќе покрене и размислување како тоа да стане системска пракса nна општите насоки и да се поврзе со високото образование. Се’ со цел да изградиме систем кој создава подготвена и конкурентна работна сила.“ – изјави Соња Стефановска, претседателка на СвисЧам МК.
 
„Северна Македонија направи значајни чекори во развојот на учењето преку работа. Следната фаза е негово системско проширување и унапредување, со јасна визија и силна вклученост на приватниот сектор.“ – изјави Курт Вутрих, тим лидер, HELVETAS Swiss Intercooperation.
 
„Швајцарија има долгогодишно искуство во дуалното образование, кое се темели на тесна соработка помеѓу компаниите и образовните институции. Поддршката на ваквите иницијативи во Северна Македонија е дел од нашата заложба за одржлив економски развој и јакнење на човечкиот капитал.“ – Михал Харари, заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија.
 
Дополнително, ќе бидат презентирани студии на случај од компаниите Баумер, Ронтис, Макстил и ВДЛ Ван Хоол кои активно применуваат модели на учење преку работа, демонстрирајќи конкретни резултати и придобивки за компаниите и вработените. Целта е да се дискутираат можности за поголема примена на учењето преку работа со стратешко поврзување на академијата и бизнисот, со јасни модели кои ќе овозможат долгорочен ефект врз продуктивноста и иновациите.“


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано