ЈАПОНИЈА ЈА ПОГОДИ ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,4 СТЕПЕНИ, издадено предупредување за цунами

Јапонските власти издадоа предупредување за цунами откако силен земјотрес го погоди североисточниот брег на земјата. Цунамито е забележано на околу 50 км од брегот на Аомори, јавува Би-Би-Си. Магнитудата на земјотресот била 7,4, според Јапонската метеоролошка агенција.

Цунамито е откриено на околу 50 км од брегот на Аомори, префектура на север од главниот остров на Јапонија, јавува јапонскиот јавен радиодифузен сервис НХК.

Јапонскиот премиер Санае Такаичи ги повика граѓаните во погодените области да се засолнат на повисоки места.

Земјотресот е почувствуван и во Токио, на стотици километри оддалеченост.

Властите ја проверуваат нуклеарната централа Онагава за евентуални неправилности по земјотресот, јавува Би-Би-Си.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 км, во морето на околу 100 км од брегот на областа Санрику.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано