ЕУ ГИ ЗАМРЗНУВА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА СРБИЈА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ, шесте земји од Западен Балкан се во опасност да останат без повеќе од 700 милиони евра

Европската Унија ќе замрзне една и пол милијарда евра од Планот за раст, наменет за Србија, бидејќи земјата назадува во проевропските реформи. Ова треба да го објави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на состанокот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во понеделник, дознава N1.

Судската реформа во Србија е особено контроверзна , а станува збор за пакет од пет закони за кои српската опозиција, независните аналитичари и Европската комисија тврдат дека не ја зајакнуваат независноста на судството, туку дозволуваат поголемо влијание на властите во судските одлуки.

Законот што предвидува укинување на Обвинителството за организиран криминал е особено контроверзен, а веќе се спроведуваат неколку истраги против високи функционери на владејачката Српска напредна партија, пишува BBC Србија.

Кос претходно оцени дека со усвојувањето и спроведувањето на тие закони, Србија назадува на својот европски пат и затоа побара нивно суспендирање. Но, конечната одлука ќе биде донесена откако Венецијанската комисија ќе го објави своето мислење за тие закони.

Покрај тоа, шесте земји од Западен Балкан се во опасност да останат без повеќе од 700 милиони евра доколку не ги исполнат своите реформски обврски најдоцна до 30 јуни.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано