Производството на нафта во неколку земји на Блискиот Исток се намали во текот на март поради конфликтите во регионот, според извештајот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
Според податоците на ОПЕК, најголем месечен пад е забележан во Ирак и Саудиска Арабија, каде што производството е намалено за 2,563 милиони барели дневно. Иран, според истиот извештај, го намалил производството за 182.000 барели дневно.
Во извештајот, исто така, се вели дека понудата на нафта надвор од ОПЕК ќе се зголеми за 0,6 милиони барели дневно на вкупно 54,83 милиони барели дневно, при што прогнозата останува непроменета, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис





