по најнова порака до Иран за непочитување на договорот за премин на танкерите во Ормускиот теснец
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четврток, 9 април, го обвини Иран дека „работи многу лошо“ дозволувајќи минување на нафта низ Ормускиот теснец и кршејќи ги условите од двонеделниот договор за прекин на огнот.
Во серија објави на социјалните мрежи што предизвикаа нови стравувања за кревкото примирје, Трамп исто така го предупреди Иран да не наметнува даноци на бродовите што минуваат низ клучниот воден пат.
„Иран работи многу лошо, некои би рекле нечесно, кога станува збор за дозволување на нафта да минува низ Ормускиот теснец“, напиша тој на својата платформа Truth Social.
Иран и Соединетите Американски Држави соопштија дека теснецот долг 167 километри што ги поврзува Персискиот Залив и Индискиот Океан ќе се отвори повторно откако во вторник беше објавено примирје.
Сепак, според податоците за поморскиот сообраќај, само десет бродови поминале низ теснецот откако примирјето стапи на сила.
Тензиите дополнително се зголемија откако Иран наговести за можноста за воведување даноци на бродовите, иако самиот Трамп претходно даде слични предлози, па дури и идеја за заеднички даноци со Техеран.
„Постојат извештаи дека Иран наплаќа такси за танкерите што минуваат низ Ормутскиот теснец – подобро да не го прават тоа, а ако го прават, треба веднаш да престанат!“, напиша Трамп во претходен пост, пренесуваат медиумите во светот.
Фото Економија и бизнис






