Леонора Ташкоска Крстеска, сопственик на приватни апартмани
Во сертификацијата за одржлив туризам влеговме со цел исполнување на условите кои беа дел од првичната анализа и селекција на Green Destination . Обуките и сознанијата од студискиот престој во Словенија ни овозможија кратење на трошоците и подобрување на комуникацијата со туристите во делот на одржлив туризам преку селектирање на отпадот и рационално искористување на ресурсите.
Стекнувањето со сертификатите гарантира повисок кавалитет на услугата. Со тоа стануваме и повидливи за туристите кои престојуваат во дестинации кои водат грижа за одржување на природата и за циркуларната економија. Деновиве Крушево повторно се позиционира на светската мапа како одговорна и атрактивна туристичка дестинација и влезе во Good Travel Experience Guide , меѓународен водич кој промовира внимателно избраните туристички доживувања што носат мерливи социјални и економски придобивки за локалните заедници, а истовремено го намалуваат негативното влијание врз животната средина, климата и културното наследство. Ефектите се очигледни и се преточуваат со зголемена посетеност и раст на ноќевањата за 20 до 24 % во однос на претходната година. Единствената опција за развојот на Крушево е одржливиот туризам, вели Ташковска Крстевска.





