На вчерашното отворањето на американските берзи, акциите пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги суспендирал нападите врз Иран за две недели.
Акционерскиот индекс Dow Jones порасна за 1.200 поени, или 2,6 проценти, S&P 500 за 2,4 проценти, а Nasdaq за 2,8 проценти, објави CNBC.
По изјавата на Трамп за воспоставување двонеделно примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, цените на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) паднаа за повеќе од 17 проценти, на 93,42 долари за барел.
Меѓународната референтна цена на нафтата Брент изгуби 16 проценти и достигна ниво на цена од 91,65 долари за барел.
Првите бродови поминаа низ Ормускиот теснец, но експертите во областа велат дека вкупниот сообраќај не се зголемил значително од нивоата за време на војната што започна кон крајот на февруари.
Компаниите кои беа под најголем притисок од почетокот на конфликтот го предводеа растот на акциите.
Ова првенствено се однесува на производителите на чипови, кои се чувствителни на нарушувања во синџирот на снабдување, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис






