КОНКУРС ЗА 40 000 БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ СО ВОЗ ВО ЕВРОПА, право на учество имаат и младите од Македонија

Европската комисија отвори нов натпревар во рамките на иницијативата „DiscoverEU“, која им нуди на младите луѓе на возраст од 18 години и повеќе низ цела Европа,  можност бесплатно да патуваат со воз и да се запознаат со различни култури, историја и начини на живот на континентот.

Вкупно 40 000 билети за патување ќе бидат доделени за оваа рунда, а апликациите се отворени од денес, 8 април, до 22 април. Право на учество имаат млади луѓе родени помеѓу 1 јули 2007 и 30 јуни 2008 година, кои живеат во една од земјите-членки на Европската Унија или во земји поврзани со програмата Еразмус+, вклучувајќи ги Србија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка,  Македонија и Турција.

Кандидатите аплицираат преку Европскиот младински портал, каде што се очекува да полагаат краток квиз со прашања за Европската Унија, по што добитниците на билетите се рангираат и избираат. Можно е да се регистрирате поединечно или во група од најмногу пет лица.

Избраните учесници ќе имаат можност да патуваат со воз до 30 дена во периодот од 1 јули 2026 година до 30 септември 2027 година, со можност сами да ја испланираат рутата или да се потпрат на предложени тематски рути, како што е културна рута што вклучува дестинации од областа на архитектурата, музиката, уметноста и дизајнот.

Покрај бесплатното патување, учесниците добиваат и картичка со попусти за јавен превоз, сместување, културни содржини, спорт и други услуги, како и пристап до информативни состаноци пред заминување и собири за време на патувањето, каде што можат да се сретнат со врсници од други земји и да разменуваат искуства.

Програмата посветува посебно внимание на инклузијата, па затоа се обезбедени дополнителни мерки за поддршка за млади лица со попреченост, здравствени проблеми или од помалку привилегирани средини, вклучувајќи ја и можноста за патување со придружба или дополнително финансирање.

Иницијативата „DiscoverEU“ беше лансирана во 2018 година како дел од програмата Еразмус+ и досега генерираше голем интерес, повеќе од 1,9 милиони млади луѓе аплицирале, додека околу 432.000 од нив имале можност да патуваат. Според истражувањата, за дури 72 проценти од учесниците, ова било нивното прво патување со воз надвор од нивната земја на живеење, додека мнозинството изјавиле дека без оваа поддршка не би можеле да си дозволат такво искуство.

На овој начин, „DiscoverEU“ ја поттикнува мобилноста на младите и одржливото патување, но дополнително ги поврзува земјите од Европската Унија со партнерски земји, отворајќи простор за младите луѓе за нови знаења, искуства и контакти низ цела Европа, пренесува Курир.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано