ПОМАЛКУ УЧЕНИЦИ ЗА 3,6  ОТСТО ВО УЧЕБНАТА 2025/2026

Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесува 174 040, што претставува намалување за 3,6 % во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика.

Редовни основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година се 927, а редовни средни училишта 128

Во оваа учебна година биле запишани 17 921 првачe. Во учебната 2024/2026 година биле запишани 19 452 првачиња.

Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната 
2025/2026 година изнесува 67 540, што претставува зголемување за 0,6 % во однос на претходната учебна година.

Во истата учебна година во прва година биле запишани 18 554 ученици.

Главни поенти

Запишани ученици во редовните основни и средни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година:

  • 17 921 во прво одделение
  • 18 554 во прва година

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано