МЗШВ: Исплатени близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци

Од Министерството информираат дека денеска е реализирана исплата од близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството.

•        89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година;

•        3.313.888 денари по мерка 7 – Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство;

•        1.060.218 денари по подмерка 1.1 – Финансиска поддршка за предадена оризова арпа од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2025 година.

Повеќе од истиот автор

Најчитано